Македонска дискографија – винили 1958-20 ...

Македонска дискографија – винили 1958-2019

Aug 14, 2024

На 26 јули 2019 година беше промовирана втората книга на Тошо Филиповски, Македонска дискографија - винили 1958-2019. Оваа книга на Тошо Филиповски сведочи за постоењето на околу 300 винилни изданија на кои се наоѓа музика на бендови и изведувачи од Македонија.

На 14 август 2024, 6 дена пред затварање на повикот за поддршка на проектот „Историја на македонската рок музика, 1963-2023 “, ве потсетуваме на уште еден проект што како префикс ги носи атрибутите за македонската алтернативна и рок музика.

Со финансиска поддршка на проектот преку кој Филиповски ќе патува во САД за да ја раскаже приказната за македонската рок музика, можете да станете сопственик на оваа прекрасна и важна книга за македонската рок музика и воопшто за македонската музика.

Цениме дека проектите што резултираат со содржина спакувана во различен формат, што остануваат како наследство и ја раскажуваат приказната за македонската музика се исклучително важни за еден народ и една нација.

Доколку не се создава содржина и не се раскажуваат приказните за музиката, во светот останувате анонимни во овој прекрасен и важен домен наречен култура и музика. Сведоштво за тоа се многу примери од кои ќе одвоиме еден, во кој љубител на музиката од соседна земја на Македонија кој дошол во контакт со првата книга на Филиповски, „Македонска рок енциклопедија“ бил изненаден од листата со преку 300 рок бендови што создавале музика во Македонија во минатото. Големата бројка, која се разбира не е конечна, пријатно го изненадила.

Се разбира, претходниот пример може да наведе на неинформираноста на главниот протагонист од споменатото сценарио, но исто така повеќето вакви примери наведуваат и на тоа за слабиот интензитет на раскажувањето на македонската приказна, особено за алтернативната и рок музика. Меѓу другото, затоа проектот „Историја на македонската рок музика, 1963-2023“ е важен и цениме дека треба да биде препознаен од македонските граѓани како вредност за која би требало да придонесат барем со 5$ ако не и повеќе, за што Филиповски со љубов ќе возврати со поклон (бенефит за донаторите).

Во оваа прилика би сакале да им се заблагодариме на сите што придонесовте финансиски за проектот. Ви благодариме од се срце! ❤️

За вас кои сеуште не сте го сториле тоа, ве повикуваме да го поддржите доколку целите на проектот резонираат со вашето размислување и вашиот став околу промоција на македонската рок музика и генерално промоцијата на македонската музика и култура. Не чекајте некој друг да го направи тоа наместо вас и не чекајте да има друга прилика. Големата слагалица за сопственото постоење се гради со мали чекори, континуирано и со генерации. Вгради се во неа!

Gefällt dir dieser Beitrag?

Kaufe Проект: Рок историја einen launch

Mehr von Проект: Рок историја