Здраво креативци
Јас сум од Битола и последниве недели (час-два денот) работев на едно мало нешто што мислам дека ќе ви биде корисно (мислам на битолчани - засега), бесплатна апликација што ви кажува колку е чист воздухот во градот во моментот. Се вика Битола air.
Работата е едноставна. Отворате и веднаш гледате дали е во ред да се излезе надвор сега, напишано со обични зборови, без табели и бројки што ништо не ви значат.
Што може:
Покажува каков е воздухот баш сега, од сензорите што се поставени низ Битола (од Црвен крст и МЖСПП)
Има мапа на која кликате на местото што ве интересира и гледате колку е таму
Ве известува кога воздухот ќе се влоши, ако сакате да го вклучите тоа (daily reminders истотака има)
Сега е лето и воздухот е чист, па некој ќе се запраша зошто ова токму сега. Баш затоа. Полесно е да се навикнеме да фрламе око додека е добро, за да знаеме да реагираме кога ќе се влоши на зима. Добро е да знаеме што дишеме преку цела година.
Веб верзијата веќе работи и можете да ја отворите веднаш од телефон или компјутер. Андроид апликацијата за Play Store ја довршувам и наскоро стигнува.
Апликацијата е бесплатна и без реклами, и таква ќе остане. За да излезе и на iPhone, Apple наплаќа 99 долари годишно. Ако сакате да помогнете да стигне и таму, едно кафе значи многу. А ако само ја користите и ја споделите, и тоа ми е огромна поддршка.
Линковите ги ставам во коментар
Ако ви се допадне, споделете со некој на кого му користи. Отворен сум и за предлози што уште да се додаде.
Тебе какви идеи ти доаѓаат во 2 наутро наместо да спиеш?
Апликација: https://bitolaair.mk

